Top Sport

Барселона во два дена ќе одигра три натпревари

Ракометарите на Барселона од денес до сабота ќе одиграат три натпревари. Играчите на Барселона, поради неколку Ковид-19, десет дена минаа во самоизолација. Поради ова за 48 часа ќе одиграат три натпревари.

Вечерва (18.45 часот) Барселона ќе игра против Алборг, во Лигата на шампионите. Ден потоа од 17 часот, Барса повторно ќе игра на домашен терен, против Бенидорм во шпанското првенство.

Серијата од три натпревари Барселона ќе ја заврши во сабота, со гостувањето кај Понтеверда.

Среќа за тренерот Чави Пасквал е што има голем избор на ракометари, кои сигурно ќе можат да се справат со овој предизвик.

Scroll to Top