Top Sport

Белорусите ја решија Чешка и се доближија до квалификации за ОИ

Ракометните репрезентативци на Белорусија ја забележаа првата победа во новоформираната група на ЕП. Тие со 28-25 ја совладаа селекцијата на Чешка и се доближија со местото кое води во олимписки квалификации.

Првото полувреме донесе неизвесен и изедначен меч во кој поконкретни беа Белорусите, па заминаа на пауза со +2, 13-11.

Во вториот дел исто така се играше гол за гол, се до средината на полувремето кога Белорусија повторно се одлепи на 22-20, односно 24-22.

На крај мечот заврши со конечни 28-25 за Белорусија.

Крилото Ваилупау беше најефикасен во победничката селекција со 6 гола, а тројца играчи (Каралек, Јуринок и Никуленкау) постигнаа по 5 гола.

Кај Чешка прво име беше Здрахала со 7 погодоци.

Scroll to Top