Репрезентативецот на Словенија, Блаж Благотиншек, договори соработка со Фленсбург. Во Бундес лигата, Словенецот, ќе се пресели по завршувањето на наредната сезона.
Благотиншек има договор со Веспрем до јуни 2023 година. Тој со Фленсбург потпишал тригодишен договор.
Пикерот, кој е специјалист за игра во одбраната, во Веспрем пристигна во 2016 година. Со Веспрем има еден трофеј во првенството, три во Купот на Унгарија и два трофеи во СЕХА лигата.