Top Sport

Борко продолжува со „атакот“ кон Червар

Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски очигледно има што да каже за поранешниот наш селектор, а сега предводник на хрватската селекција, Лино Червар.

Откако интервјуто за „Вечерњи лист“ по натпреварот со Германија дека Червар го „прегазило времето“ предизвика огромно внимание во хрватската јавност, „24 сата“ решија да му дадат шанса на Ристовски да се дообјасни.

„Лино долго време живее во минатото, не го следи развојот на модерниот ракомет и тоа е најголемиот проблем на вашата репрезентација. Човекот има на располагање еден од најдобрите тимови, врвни играчи, услови како никој друг, фантастична поддршка од трибините, а сега е прашање дали ќе играте во полуфинале. Зошто? Бидејќи тоа што го игра е ракомет каков што се играше пред 10 години“, вели Ристовски.

Голманот има доволно „горчливо“ искуство со Червар за да даде оценка.

„Веднаш сфатив дека се работи за тренер кој нема спортски амбиции, и мисли само на себепромоција и на пари. Зошто никој не се запраша зошто Лино никогаш не отиде во врвен клуб, туку ужива во ’лад’ во Македонија, каде што за големи пари работеше без притисок. Што и да направи, тоа е голем успех. Не знам дали тој воопшто го прати ракометот, дали гледа Лига на шампиони. Знаете ли каква е разликата меѓу него и актуелниот селектор на Македонија, Раул Гонзалес? Со Лино на последното СП бевме 15., а сега ја помианвме групата и на три бода сме од полуфинале. Лино само гледаше како ќе ’купи’ две-три години до пензија, но тогаш, на наша среќа го повика Хрватска“, додава Ристовски.

Борко „удри“ по Червар: Тој игра застарен ракомет

 

Scroll to Top