Top Sport

Борко Ристовски: Очекувам неизвесни натпревари и наш пласман на СП (Видео)

Најдобрите македонски ракометари ги финишираат подготовките за бараж дво-мечот против селекцијата на Романија, за пласман на Светското првенство. Македонската репрезентација е спој на искуство и младост, составена од играчи што долго време играат заедно, а покрај капитенот Кире Лазаров, еден од столбовите е и голманот Борко Ристовски.

„Министерот за одбрана“ е оптимист во пресрет на дво-мечот, а смета дека Македонија уште на првиот меч в недела во Скопје, може да реши голем дел од дилемите околу пласманот на ракометниот мундијал.

Романците, некогаш велесила во овој спорт, долго време отсуствуваат од големите натпреварувања. Во обид да се вратат во врвот, Ромнците за селектор го ангажираа трофејниот тренер Чави Пасквал.

Ристовски во изминатите две години работеше под палката на Пасквал во Барселона. Репрезентативниот голман смета дека тренерот не може да направи голема разлика, бидејќи во Романија нема толку квалитетен ростер каков што има во Барса.

Првиот бараж меч помеѓу Македонија и Романија ќе се одигра в недела со почеток во 20:30 часот, а реваншот е три дена подоцна во Романија.

Scroll to Top