Top Sport

Бранела за Хрватска, сега е на голот на Црна Гора – „Гајле ми е дали ќе ме осудат!“

Поранешната хрватска ракометна репрезентативка, Марта Батиновиќ одлучила да го брани голот на селекцијата н Црна Гора. Таа се одлучила да го промени репрезентативниот дрес на 29-годишна возраст.

„Едноставно, не размислувам дали некој ќе ме осуди или не. Знам поради што ја избрав Црна Гора. Добив голема можност и ја прифатив. Девојките се фантастични, тимот е врвен, а ракометниот свет знае за Црна Гора. Познавам многу девојки кои го промениле државјанството, но ова е можеби бум дека доаѓам од Хрватска, но не за мене и моето семејство. Никогаш не сме биле такви. Сакам да бранам најдобро што моѓам, а не да размислувам дали сум дошла од Хрватска, Србија или Авганистан. Ова е спорт. За мене најважно е девојките да ме прифатат, се друго е небитно“ – изјави Батиновиќ.

Таа се афирмираше на голот на хрватска Подравка од 2006 до 2013, а 5 години бранеше во Будуќност од Подгорица.
Моментно е на голот на романска Валчеа.

Scroll to Top