Голманот на ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина, Бенјамин Буриќ, со својата одбрана го обележа натпреварот помеѓу Вецлар и Фуксе Берлин.
Соиграчот на Филип Миркуловски, во 41.минута, од натпреварот врза две одбрани, од кои втората, против јаков Гојун, навистина е спектакуларна.
Инаку Буриќ ги игра своите последни натпревари за Вецлар, бидејќи од наредната сезона ќе брани за Фленсбург.
Дуелот помеѓу Вецлар и Фуксе Берлин заврши со победа на гостите 26:31.