Откако Борко Ристовски на двапати влезе во остри критики кон Лино Червар, поранешниот македонски селектор, а сегашен предводник на хрватската репрезентација, Хрватот конечно одговори.
Ристовски, прво во изјава за „Вечерњи лист“, а потоа и во интервју за „Индекс“ го обвини Червар дека игра „застарен“ ракомет и дека Македонија има среќа што Хрватска се реши да го врати во репрезентацијата за да можеме да го ангажираме Раул Гонзалес, и ова предизвика огромно внимание во хрватската јавност, која делумно се согласи со неговите оценки.
Ристовски накратко соработуваше со Чехрвар во Металург, а токму хрватскиот тренер не го повика во македонската репрезентација за СП во Франција минатата година.
„Мислам дека тоа е провокација, ништо друго. Нема некоја важност и е обид да се внесе немир кај мене. Сите што го познаваат него и мене, знаат сè што е потребно. Јас немам никаква потреба да зборувам за него“, изјави Червар за „Индекс“.