Top Sport

Червар „полуде“ по победата над Франција: Цел живот се борам со мангупи

Хрватскиот ракометен селектор Лино Червар беше задоволен од победата на неговата репрезентација над Франција со што изборија пласман на квалификацискиот олимписки турнир за Токио 2020, но потоа влезе во остар напад на критичарите во неговата татковина, пред сè на новинарот Александар Станковиќ.

„Тука ги победивме европскиот и светскиот шампион. Сите заслуги одат кај ракометарите. За сите тие кои се со нас. Додека не постои почитување кон човекот, ни нема иднина. Го повикувам Станковиќ да ме повика со тие кои ме навредуваа, но тоа нема да се случи. Мене ми е забрането да зборувам. Кога неправдата станува закон, обврската е секој граѓанин да ги земе работите во свои раце. Оваа победа ја подарувам на децата и на младите. Цел живот се борам со мангупи. Кога тие кои спијат на кауч едвај чекаат да загубиме, ме наруваат старец и други работи, кои ме навредуваат. Јас сум најтрофејниот тренер на светот, но сакаат да ме понижат и да ме навредат. Таа група луѓе ме мава по глава додека не цркнам“, изјави луто Червар.

Фото: ЕПА

Хрватска со утешна победа над Франција, Норвешка го „заврши“ своето

Scroll to Top