Top Sport

Чешката легенда Јиха со интересно видео објави крај на кариерата

Филип Јиха (35), легендата на чешкиот ракомет, играч кој обележа речиси една деценија на европскиот ракомет, поради честите повреди објави крај на професионалната кариера.

Јиха со интересно видео се прости од фановите.

Филип Јиха својата богата кариера ја започна во Славија Плзен (1995-2000), потоа играше во Дукла Прага (2000-2003), Сент Гален (2003-2005), Лемго (2005-2007), Кил каде остави најдлабока трага и каде се промовираше во еден од најдобрите средни бекови на својата генерација (2007-2017) и Барселона (2015-2017).

За репрезентацијата на Чешка во периодот од 2000 до 2016 година одиграл 158 натпревари и постигнал 877 голови.

Од многуте титули се издвојуваат двете во Лигата на шампионите со Кил (2010, 2012), а индивидуално највредното признание го доби од Светската ракометна федерација (ИХФ) која во 2010 година го прогласи за ракометар на годината. н.ц.

Scroll to Top