Чешка беше речиси отпишана по високиот пораз од Шпанија во првото коло на ЕП во Хрватска, но направи вистинско чудо во второто коло против Данска, победувајќи ги со 28:27.
Финишот во Вараждин беше уште поспектакуларен, откако во последната минута Чесите играа без двајца исклучени играчи, но Мартин Галија имаше фантастична одбрана во последниот обид да ја запечати победата и да ги остави Чесите во игра за пласман во второто коло.
За Данците најдобар стрелец беше Хансен со по шест гола, додека во репрезентацијата на Чешка Здрахала постигна осум гола, а Каспарер на крајот застана на пет погодоци.
Македонија ќе се судри со репрезентациите од оваа група во втората рунда – сигурно со Шпанците кои веќе се пласираа, додека за другите две места борба ќе водат Данците, Чесите и Унгарците. Унгарија има два порази и ќе мора да ги победи Чесите во последното коло.
ГРУПА Ц
Германија – Словенија 25:25
Македонија – Црна Гора 29:28
Табела: 1.Македонија 4, 2.Германија 3, 3.Словенија 1, 4.Црна Гора 0
ГРУПА Д
Унгарија – Шпанија 25:27
Чешка – Данска 28:27
Табела: 1.Шпанија 4, 2.Данска 2, 3.Чешка 2, 4.Унгарија 0