Top Sport

Чесите со шок-терапија за Данска (видео)

Чешка беше речиси отпишана по високиот пораз од Шпанија во првото коло на ЕП во Хрватска, но направи вистинско чудо во второто коло против Данска, победувајќи ги со 28:27.

Финишот во Вараждин беше уште поспектакуларен, откако во последната минута Чесите играа без двајца исклучени играчи, но Мартин Галија имаше фантастична одбрана во последниот обид да ја запечати победата и да ги остави Чесите во игра за пласман во второто коло.

За Данците најдобар стрелец беше Хансен  со по шест гола, додека во репрезентацијата на Чешка Здрахала постигна осум гола, а Каспарер на крајот застана на пет погодоци.

Македонија ќе се судри со репрезентациите од оваа група во втората рунда – сигурно со Шпанците кои веќе се пласираа, додека за другите две места борба ќе водат Данците, Чесите и Унгарците. Унгарија има два порази и ќе мора да ги победи Чесите во последното коло.

ГРУПА Ц

Германија – Словенија 25:25

Македонија – Црна Гора 29:28

Табела: 1.Македонија 4, 2.Германија 3, 3.Словенија 1, 4.Црна Гора 0

ГРУПА Д

Унгарија – Шпанија 25:27

Чешка – Данска 28:27

Табела: 1.Шпанија 4, 2.Данска 2, 3.Чешка 2, 4.Унгарија 0

Scroll to Top