Еден од најдобрите крилни ракометари во Европа и во светот, поранешниот вардарец кој остави неизбришлива трага во „црно-црвениот“ скопски клуб со селекцијата на Хрватска освои многу медали на најголемите светски и европски натпреварувања, па и на ОИ.
Моментно е ракометар на тимот на Загреб, а иако неговата професионална кариера се ближи кон крајот, сепак не може така лесно да ги заборави трите најтешки порази – два од Франција во 2009 и во 2012 година, но и од Србија, во Белград.
„Во топ 3 е мечот Србија – Хрватска, полуфиналето во Белград. Тие три се сигурно најтешките порази со репрезентацијата“ рече Чупиќ.
Десното крило доживеа тешка повреда во 2008 година откако бурмата му се закачи на ограда и му откина дел од прстот.
Сепак, миленикот на „Комити“ кој ги кинеше мрежите во дресот на Вардар, но и на Кјелце претходно, во 2012 година беше прогласен за најдобар ракометар во Хрватска.