Во луд меч во француски Монпелје, хрватската ракометна репрезентација успеа со пресврт (25-24) да слави во дуелот со Португалија и да направи огромен чекор кон пласманот на ОИ кои ова лето ќе се одржат во Токио.
На средината на второто полувреме Португалија имаше дури +6, но во завршницата Хрватска предводена од десното крило на Вардар, Иван Чупиќ стигна до посакуваната победа.
За да се најде на Олимпијадата, Хрватска утре ќе мора да го победи Тунис кој вечерва има меч против домаќинот на турнирот, Франција. Првиот и вториот од групата обезбедуваат пласман на ОИ.
Иако последниот погодок на мечот беше дело на уште еден екс-вардарец, Лука Циндриќ на 20 секунди до крајот, сепак товарот на пресвртот оди на грб на Чупиќ кој со 9 гола од исто толку обиди беше најефикасен на мечот.
Циндриќ и Мандиќ стрелаа прецизно по четирипари, додека кај Португалија Итуриза беше најефикасен со 5 гола.