Top Sport

Црногорките го освоија петтото место

Црна Гора го освои петтото место на Светското првенство за ракометарки во Јапонија. Црногорките славеа во дуелот со Србија 28:26 (13:12).

Србинките на почетокот стекнаа предност (6:2), а Црногорките возвратија со ушто подолга серија (10:2) кога и го презедоа водството.

На стартот од второто полувреме Србија се врати во водство. Набргу Црна Гора повторно се одвои на пристојна далечина (22:19) што беше клучно за конечниот резултат.

Рамусовиќ и Раичевиќ постигнаа по четири гола за Црна Гора, додека кај Србија се истакна Стоиљковиќ со шест гола.

Инаку овој дуел во Кумамото немаше никаква важност бидејќи двете репрезентации обезбедија место во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио.

Србија ќе игра на Турнирот 2 против Кина, Унгарија или Шведска и третопласираната репрезентација од СП кое е во тек, а Црна Гора ќе биде на Турнирот 3 против Романија, Јужна Кореја и четвртопласираната репрезентација на СП.

Scroll to Top