Ракометарката на Вардар, Драгана Цвијиќ, која на почетокот на сезоната ги засили црвено-црните, поради најавените промени и кратењето на буџетот, како и останатите ракометарки ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Неколку ракометарки на од актуелниот состав на Вардар веќе договорија каде ќе играат во иднина, меѓу нив не е Цвијиќ која медиумите ја поврзуваат со два клуба Ѓер и ЧСМ Букурешт.
Според Романците, откако Ѓер за наредната сезона на пивотменската позиција ја промовира Норвежанката Кари Братсет, Цвијиќ е на чекор до потпис на договор со поранешниот европски првак од Букурешт.