Top Sport

Цвијиќ една од ѕвездите на колото (Видео)

Вардарки, со оглед на паузата помеѓу двата дела од сезоната, одиграа одличен меч, во кој на Мец не му оставија ниту грам надеж дека можат да изборат позитивен резултат.

Во победата над Мец индивидуално се издвоија две ракометарки на Вардар, Драгана Цвијиќ и Амадин Лејно.

Цвијиќ беше беспрекорна во нападот, таа постигна седум гола од исто толку обиди и во изборот на ЕХФ е една од „Трите ѕвезди“ на ова коло.

Покрај Цвијиќ ЕХФ во ова коло ги оздвои голманката на ФТЦ Мелинда Сикора и левиот бек на Букурешшт Кристина Неагу.

Изборот на ЕХФ може да го погледнете на следниот ЛИНК

Амадин Лејно против Мец имаше 18 успешни интервенции, а аедн од нив според ЕХФ е една од најдобрите пет во ова коло.

Петте најдобри одбрани може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Scroll to Top