Ласе Сван постигна 11 гола за да ја предводи Данска до 31:28 победа над Словенија во вториот натпревар од втората рунда во групата 2 на ЕП во Хрватска, израмнувајќи се на првото место во нашата група со Германија со 4 поени, а во исто време ставајќи крај на надежите на Словенците за полуфинале.
Right wing Lasse J. Svan is on fire tonight! ??
Watch again all the goals the @dhf_haandbold player has scored in the first half. #SLODEN#ehfeuro2018 #hypnoticgame pic.twitter.com/s5Va3QWMUp— EHF EURO (@EHFEURO) January 19, 2018
По драматичните случувања во загрепската „Арена“ и заканите за заминување од шампионатот по сомнителните судски одлуки во мечот со Германија, Словенците дојдоа подготвени за битка во Вараждин, помогнати од неколку илјади бучни фанови.
Во текот на целиот меч, Данците покажаа дека се посилниот тим, но упорните Словенци остануваа во игра преку Миха Зарабец, кој имаше нова блескава партија со 6 гола, а Блаж Јанц беше тука со пет гола.
Данска со својата игра покажа дека планира да оди „далеку“ на првенството и можеби е најсилниот од трите противници кои и остануваат на Македонија на првенството (покрај Шпанија и Чешка).
Табела: 1.Данска 4, 2.Германија 4, 3.Македонија 3, 4.Шпанија 2, 5.Чешка 2, 6.Словенија 1