Репрезентацијата на Данска, коло пред крајот на втората фаза, на Светското првенство, избори пласман во четврт-финалето. Данците со победата над Јапонија 34:27 (19:17) го обезбедија првото место во Групата 2.
Јапонците им пружија силен отпор на актуелните шампиони, меѓутоа немаа сили да приредат изненадување, каково што направи на стартот на првенството, кога ремизираа со Хрватска.
Данска играше без својот најдобар играч, Микел Хансен. Најефикасен играч на мечот беше Николај Јакобсен со 12 голови.
Во понеделник, во последното коло Данска ќе игра против Хрватска, а Јапонија против Бахреин.
Во Групата 1, откаде во четврт-финалето ќе играат Унгарија и Шпанија, Германија го победи Бразил со 31:24 (16:12).