Top Sport

Данска на чекор до полу-финалето, Германците ги губат шансите за медал

Данска ја победи Германија 26:25 (8:9) во натпревар од Групата 2, во Вараждин, на Европското првенство во ракомет. Данците со оваа победа дојдоа на чекор до пласманмеѓу најдобрите четири екипи на првенството, додека Германците полека ги губат надежите дека ќе успеат да ја одбраната титулата.

Свесни колкаво значење има овој натпревар двата тима одиграа во грч, особено во првиот дел, во кој акцент двете селекции ставија врз играта во одбраната. Оттука податокот дека Данска постигна два гола во првите осум минути, а Германците првиот гол го постигнаа дури по девет минути игра. Кога фатија приклучок Германците го презедоа водството, но предноста која ја имаа се движеше од еден до два гола.

Ритамот двете селекции го забрзаа во второто полувреме, кога за 13 минути Данска и Германија, постигнаа истот голови колку што резлизираа во целтото прво полувреме.

Носени од голамнот Волф и десниот бек Кун, Германците ја одржуваа разликата, но не успеваа да се одлепат на три гола од противникот, иако за такво нешто имаат три можности.

Трпеливите Данци ја чекаа и ја дочекаа својата шанса во 52.минута стекнаа два гола предност, а на шест минути до крајот на мечот имаа разлика од три гола со која ја најавија победата. Во овој период најдобриот Данец Микел Хансен постигна два од својите пет гола.

До крајот Германците се обидоа но немаа време да стигнат барем до бод.

Данска до знајачната победа ја предводеше искусниот Ханс Линдберг со девет гола (4/4 седмерци), пет постигна Хансен, а голманот Ландин имаше девет интервенции. Кај Германија покрај голманот Волф (12 интервенции) се истакна и Кун кој шет од шестте свои гола постигна во вториот дел.

Овие две репрезентации до крајот на втората фаза ќе одиграат уште по еден меч, на 24 јануари Данска ќе игра против Македонија додека Германија за противник ќе ја има Шпанија.

Scroll to Top