Top Sport

Данска среде Париз ја освои „Златната лига“ (Видео)

Актуелниот олимписки шампион Данска во Париз го победија светскиот првак Франција 29:28, во последната проверка пред Европското првенство во Хрватска. Данците слаеа со гол во последната секунда и го освоија трофејот на турнирот во „Златната лига“.

Двата тима на овој меч беа ослабени, кај Данците не играше Микел Хансен, додека Французите беа без најдобриот дефанзивец Лука Карабатиќ.

Франција во еден момент имаше четири гола предност во второто полувреме, но Данците ја стигнаа предноста, а со голот на Расмус Лауге во последната секунда ја обезбедија победата 29:28 и трофејот.

Данците завршија на првото место поради подобрата гол разлика од Франција и Норвешка.

Европското првенство во Хрватска ќе започне на 12 јануари. Данска е во Д-групата (Вараждин) заедно со Шпанија, Унгарија и Чешка, додека Франција ќе игра во Б-група (Пореч)против Норвешка, Белорусија и Австрија.

Scroll to Top