Top Sport

Дарко Станиќ: Не доаѓам во Вардар

Легендарниот српски ракометен голман Дарко Станиќ, кој дел од својата кариера ја мина во Металург, нема да го наследи Арпад Штербик на голот на европскиот шампион Вардар.

Изминатата недела медиумите шпекулираа дека 39-годишниот Станиќ по завршувањето на сезоната ќе го наследи Штербик кој ќе се пресели во унгарски Веспрем.

„Нема ништо од таа приказна со Вардар. Се вработив во Министерството спорт и малди. Обврските ми започнаа од минатата недела. Тоа е она со што планирам да се занимавам во иднина“, изјавил Станиќ за спеицијализираниот ракометен портал „Балкан хендбол“.

Последен клуб во кој бранеше Станиќ беше катарскиот Ел Џаиш, а во кариерата бил голман и на Црвена звезда, Металург, Рајн Некар…

Scroll to Top