Поранешниот голман на Металург и ракометната репрезентација на Србија, Дарко Станиќ, кој е државен секретар во министерството за спорт и млади на претставувањето на анализата за родовите стереотипи и родовото насилство предизвикал скандал, откако држејќи во раката документи по задникот ја удрил колешката Ана Капетановиќ.
Пред инцидентот со колешката, како што тврдат НВО „Атина“, за време на дискусијата околу предрасудите кои владеат за жените во општеството, како што е онаа дека „жените не се добри возачи“, Станиќ реплицирал со прашањето „па која жена добро вози?“.
Откако го завршил своето излагање тој напуштајќи ја конференцијата со документите што ги држел во раката по задникот ја удрил колешката Капетановиќ.
Прославениот голман негира дека такво нешто се случило и побарал да ја види снимката, која би докажала дека колешката ја допрел само по пршлените, а не по задникот.
„Најпрвин мислев дали воопшто треба да зборувам, не сакав од ова да правам шпанска серија. Најмал проблем е да ја напуштам функција. Но ве милам, тие мојата колешка ја штитат од мене. Размислувам и не можам да се сетам кој пршлен и го допрев со документите. Дајте да ја видиме снимката, можеби имало некаков прекин во мојот мозок. Жалам што ја вовлекуваат девојката во оваа приказна“, рекол Станиќ.
По повод овој случај се огласи и министерот за спорт, Дејан Удовичиќ, кој рекол дека најпрвин ќе побара да биде испитан овој случај, а дури потоа ќе донесел одлука дали и како ќе го санкционира.