Top Sport

Дарло: Зошто на насловната на „Л’Екип“ е Меси, а не ракометарките?

Француската ракометна голманка Клеопатра Дарло се побуни зошто францускиот национален спортски весник „Л’Екип“ на насловната страница го поставил Лионел Меси, а не златниот ракометен тим од Токио.

Дарло беше дел од репрезентацијата, која со 30:25 во неделата ја победи Русија во големото олимписко финале, освојувајќи ја двојната круна покрај златото на ракометарите. Сепак, можеби сосема оправдано, главна тема во Франција е пристигнувањето на Лео Меси во „градот на светлината“.

„Историјата се повторува… Не заслужуваме насловна страница, ‘Л’Екип’“, праша Дарло.

Сепак за мала споредба – Лео Меси има 246 милиони следбеници на социјалните мрежи, Француската ракометна федерација има 38.000, додека Дарло има 77.000.

Scroll to Top