Top Sport

Де Варгас не уништи, Македонија замрзна на -11

Македонската ракометна репрезентација во првиот меч, во втората фаза на Европското првенство во Хрватска, доживеа катастрофален пораз од Шпанија 20:31 (6:15). Ова е прв пораз за Македонија на ова ЕУРО. Покрај лошата игра во двата правци, стручниот штаб го загрижи и повредата на капитенот Кирил Лазаров, кој поради болките во „задната ложа“ излезе од игра во 12.минута и повеќе не се врати на теренот.

Македонија, во Вараждин, го одигра најлошиот меч на првенство, во кој единствени на ниво беа голманите Ристовски и Митревски кои заедно имаа 21 одбрана (Ристовски 7, Митревски 14). Ристовски во првите 20 минути со своите одбрани ја држеше разликата на пет гола, а Митревски во второто полувреме не дозволи на Македонија да и се случи катастрифа.

Дека на Македонија не и се пишува добро покажа старто на мечот. Шпанија постигна три гола, а нашите играчи првиот гол го постигнаа во постигнаа во седмата минута кога Лазаров реализираше седмерец, додек првиот гол од игра избраниците на Раул Гонзалес го постигнаа дури по 14 минути игра, кога Манасков намали на 7:3.

Во тие моменти покај неповрзаната игра Македонија ја задеси голем пех бидејќи капитенот Лазаров се повлече од игра поради повреда на „задната ложа“ на десниот мускул.

Иако Македонија играше катастрофално во нападот, имаше активен резултат во 19.минута кога Стоилов намали на 8:5. Во првите 20 минути Македонија во игра ја држеше голманот Бороко Ристовски, кој имаше седум успешни интервенции.

Но од тој момент „црвено-жолтите“ никако не можеа да ја пробијат зоната на Шпанците, а и со нерезонските шутеви го разбранија шпанскиот голман Де Варгас.

Но потоа на нашата селекција следуваше од 19.миута до последната секунда од првиот дел кога Шпанија постигна седум а прими само еден гол.

Во второто полувреме Раул Гонзалес им даде шанса на помладите играчи, Митревски блескаше на голот, но на споритвнта страна речиси несовладлив беше Де Варгас.

Шпанија во 46.минута стекна довцифрена предност (13:23), а највисоката разлика од 13 гола „црвената фурија“ ја имаше во 50.минута (14:27).

На крајот Перез Де Варгас имаше 18 интервенции, што на Шпанија и отвори можност за постигнување на лесни голови. Шпанија реализира 12 контранапади, додека Македонија не постигна ниту еден гол.

Гурбиндо напаѓачки ја предводеше Шпанија со шест гола, додека кај Македонија најефикасен беше Манасков со четири гола, три од нив од со реализација на седмерци.

Македонија по овој пораз остана на три бода во Групата 2, каде на првите три позиции се Данска со 6, односно Шпанија и Германија со 4 бода, а зад Македонија се Чешка со два и Словенија со еден бод.

Наредниот меч Македонија го игра на 23 јануари против Чешка (20:30 часот).

Scroll to Top