Top Sport

Дејвис блиску до клупата на Србија

Поранешниот вардарец Давид Дејвис Камара потврдил дека е во преговори за преземање на ракометната репрезентација на Србија. Србите останаа без селектор откако Ненад Пруничиќ по дебаклот на Европското првенство поднесе оставка.

„Вистина е, имав разговори со челниците на Ракометниот сојуз на Србија. Јас сум еден од кандидатите за селекторската функција. Ми кажаа дека имаат повеќе опции“, рекол Дејвис за „Вечерње новости“.

Актуелниот тренер на унгарски Веспрем потенцирал дека бил подготвен да обавува уште една функција.

„Секогаш сум тука да ги слушнам опциите и да ја одберам најдобрата“.

Доколку двете страни се договорат тогаш европскиот првак со Вардар од 2017 година ќе биде први странец на клупата на Србија.

Scroll to Top