Top Sport

Дејвис го продолжил договорот со Веспрем

Поранешниот тренер на ракометарките на Вардар и првиот помошник на Раул Гонзалес во походот на европската титула, Давид Дејвис Камара и во наредната сезона ќе го предводи Веспрем. Клубот, во четвртокот, објави дека Дејвис добил договор до 2020 година.

Девис во текот на оваа сезона го наследи на клупата Љубомир Врањеш, успеа да ја врати атмосферата во клубот и го нарави Веспрем легитимен кандидат за пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Поранешниот вардарец со унгарскиот тим има 16 победи во низа, а една од најзначајните во таа серија ја извојува пред две недели во Скопје против Вардар.

Веспрем, во А-групата, во пресрет на последното коло и дуелот со Кјлеце се наоѓа на втората позиција со бод повеќе токму од Вардар.

Scroll to Top