Контроверзниот менаџер Велибор Џаровски-Џаро, во интервју за српскиот таблоид „alo.rs“, рекол дека заработил 13.000 евра на натпревар што се одиграл на Светското првенство во ракомет за играчи до 19 години, кое се одржуваше во Скопје.

„Пред две недели собрав некои ситни пари во обложувалница…Околу 13.000 евра. Не ми дозволија поголема уплата, ми го лимитираа износот, веројатно дека се определив за ракометен натпревар. Парите ги заработив така што се обложив на ракометен меч. На СП за играчи до 19 години кое на почетокот на август се играше на мој терен во Скопје. Знаете после тенисот каде е најлесно да „затворите“ меч, бидејќи ви е потребен само еден соработник, лесно е да се договорат мечеви во кошарката, каде најчесто се игра на помал број на кошеви о однос на границата што ќе ја постават обложувалниците. Потоа на ред доаѓа ракометот. Секогаш е полесно да се направи договор во спортовите кои не се во центарoт на вниманието, каде медиумите не „кревата прашина“ кога ќе се случат изненадувања“, рекол Џаро.