Top Sport

Драматична победа на младите ракометари над Украина

Македонската младинска репрезентација, во драматичен натпревар ја победи Украина 28:27 (14:15) и обезбеди учество во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот што се одржува во Скопје. Јунак на победата над Украинците беше Марио Танкоски, кој постигна десет гола.

По комплетирањето на групната фаза, Македонија го освои првото место во Б-групата и во полуфиналето, в сабота, ќе игра против Фарските острови. Победа на овој турнир ќе и обезбеди настап на Македонија на Европското првенство.

Младите македонски ракометари против Украина одиграа драматичен меч, пол со пресврти и со среќен крај за неви.

Украина подобро делуваше во првиот дел, имаше предност 4:9, но до крајот на првите 30 минути, избраниците на Данило Брестовац, фатија приклучок.

Второто полувреме донесе неверојатна драма во финишот, најпрвин Украина со два гола го презеде водството 26:27, но во последните две минути одбраната и Петковски не дозволија противникот да постигне гол, а на другата страна Танкоски два пати беше прецизен за конечни 28:27.

фото: rkmetalurg.mk

Scroll to Top