Top Sport

Дувњак го продолжил договорот со „зебрите“

Домагој Дувњак (31) го продолжил договорот со Кил. Дувњак во Кил ќе остане и во наредните три сезони, до јуни 2022 година.

„За мене ова е најдобриот клуб во светот“, рекол Дувњак по потпишувањето на договорот.

Капитенот на хрватската репрезентација е столб на Кил, иако многумина предвидуваа дека клубот ќе се откаже од него откако во Кил пристигна Норвежанецот Сандер Сагосен.

Дувњак е играч на Кил од 2014 година. Тој во славниот германски клуб дојде како европски првак со Хамбург, а сезоната претходно бил прогласен за најдобар играч во светот.
Досега со Кил освоил две титули во Бундес лигата, а лани „зебрите“ победија во ЕХФ купот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');