Top Sport

Дувњак подобар од Карачиќ во сезоната 2019/2020

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска и на германски Кил, Домагој Дувњак е најдобар екс-ју ракометар во 2020 година, во изборот на „Balkan-Handball.com“.

Најкорисниот играч на последното ЕП освои најголем број од гласовите на публиката и жирито на специјализираниот ракометен портал.

Од вкупниот број 1.752 гласови, 813 заврши зад името на Дувњак, додека неговиот репрезентативен колега, Игор Карачиќ заврши со 656 гласови. Трет, со 146 гласови беше српскиот интернационалец, Петар Ненадиќ.

Инаку Дувњак истото признание го доби и во 2013 година. Следната 2014 година таа чест му припадна на Момир Илиќ, додека во 2015 година ласкавото признание отиде зад името на капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.

Scroll to Top