Најдобриот хрватски ракометар и еден од најдобрите средни беков во светот Домагој Дувњак се врати во тимот на Кил по пауза од 227 дена.
Дувњак играше на натпреварот од 15.коло во Бундеслигата, во кој Кил го совлада Хутенберг со 33:24. Дувњак во победата постигна три гола.
Тренерот на Кил Алфред Гисласон најавил дека во наредните пет натпревари во Бундеслигата Дувњак ќе добива по 10 минути на теренот и го изразил незадоволството од раното враќање на терените по повредта на коленото.
Хрватскиот репрезентативец има желба да ја достигне оптималната форма до почетокот на Европското првенство кое од 12. до 28.јануари ќе се игра во Хрватска.