Top Sport

Двајца позитивни на коронавирусот и во РК Охрид

Коронавирусот се шири низ ракометните клубови во Македонија. Откако изминатите денови клубовите Голден Арт КЛ7, Радовиш и Струга пријавија вкупно 25 заразени, денес и од РК Охрид информираа дека заразени има и во нивните редови.

„Сакаме да информираме дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на вирусот ковид -19. Ковид позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба.
Следниве денови тестирани ќе бидат преостанатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата.

До сите клубови апелираме да ги почитуваат мерките и протоколите подготвени од Ракометната федерација на Македонија и надлежните институции“, објавија од клубот.

Поради ширењето на вирусот Ракоемтната федерација на Македонија го суспендира првенството во А-групата во Суперлигата. Паузата во оваа група ќе трае најмалку 15 дена.

Покрај овие четири клуба во А-групата партиципираат уште Пролет, Астраион и Јуниор Кисела вода.

фото/facebook

Scroll to Top