Top Sport

ЕХФ го укина правилото „гол во гости“

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ), на состанокот во Љубљана го укина правилото правилото „гол во гости“.

Новото правило ќе започне да се применува од наредната сезона 2022/2023 во сите клупски и репрезентативни натпреварувања, во организација на ЕХФ.

Со укинувањето на правилот, гостите повеќе нема да имаат никаква предност.

Сега, во случај гол-разликата да биде изедначена по два натпревари од нокаут фазата, победникот ќе се дознае по изведувањето на пеналите.

Scroll to Top