Top Sport

ЕХФ ја суспендираше Србија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го суспендираше Ракометниот сојуз на Србија и ја исфрли нивната јуниорска женска репрезентација од квалификациите за СП.

ЕХФ се реши на овој потег откако српската влада реши да го забрани мечот на Србија против Косово, по што ги забрани и другите мечеви кои требаше да ги игра Косово, против Норвешка и Словачка.

„Поради околностите под кои мечот е одложен и неможноста Србија да го игра натпреварот, тимот нема да продолжи во квалификациите“, се вели во соопштението на ЕХФ.

Одлуката за забраната ја направи министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во консултации со Министерството за спорт.

Владата на Србија забрани да се игра натпреварот Србија-Косово

Scroll to Top