Top Sport

ЕХФ ќе го исфрли Вујовиќ од ЕП?

Скандалозните одлуки на Литвенците кои го судеа натпреврот Словенија-Германија и изјавите кои по мечот ги даде селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, ќе резултираат со тешки казни по оваа тројка.

Натпреварот одигран во понеделникот имаше контроверзна завршница, откако Словенците постигнаа гол за победа 25:24, но Литванците по истекот на времето и прегледувањето на снимката доделија седмерец за Германија, го исклучија Благотиншек, а Рајхман од седмерец ги постави конечните 25:25.

Миндаугас Гателис и Ваидис Мажиека, одлуката да и доделат седмерац на Германија, ја донесоа откако десет минути ја прегледуваа видео снимката.

Благотиншек во последната секунда се обиде да го изблокира очајничкиот шут на Друкс. Спорно е што Словенецот не бил оддалечен најмалку три метри од играчот кој шутира. На тоа правило судиите ги предупредил германскиот голман Силвио Хајневетер.

„Го знам правилото и веднаш им кажав на судиите дека Словенците го блокирале ударот на Друкс од центарот на игралиштето“, изјавил за германските медиуми голманот на Берлин.

Гателис и Мажиека, по инструкциите на германскиот голман решиле да ја прегледаат снимката и по завршувањето на мечот им доделија седмерец на Германците, со кој тие се спасија од пораз.

Оваа одлука предизвика лавина од негативни коментари на социјалните мрежи, а Словенците со навреди ја затрупаа ЕХФ. На навредите им се приклучија и голем број на оние неутрални лубители на спортот и ракометот.

Коментарите најчесто одат во насока дека е оштетена мала држава каква што е Словенија и се поддржува изјавата на Вујовиќ дека ваква одлука никогаш не би била донесена во корист на Словенија.

Исто така Веселин Вујовиќ потенцирал уште неколку ситуации во кои неговата репрезентација била оштетена.

„Ги прашав зошто не го исклучиле германскиот играч во претходниот напад, кога ние изедувавме брз центар. Тие ми одговорија: „Па вие постигнавте гол“. Ги прашувам зошто не го стопиравте времето и доделивте исклучување, а тое ми одговорија дека нема потреба да разгвараме за таа ситуација“, рекол Вујовиќ.

ЕХФ го чувствува гневот на ракометните фанови, а оваа скандалозна ситуација доаѓа во време кога еврпскиот ракомет се бори буквално за секој гледач.

Германските медиуми објавија, иако се уште тоа е неофицијално, дека Литванците ќе бидат суспендирани и дека повеќе нема да судат на превенството. Но нема само Гателис и Мажеика да бидат суспендирани, бидејќи најголемиот дел од врвот на ЕХФ сметал дека од првенството треба да биде исфрлен и Веселин Вујовиќ.

Доколку оваа шпекулација е вистина на Вујовиќ ќе му пресуди изјавата по мечот, кога образложи зошто тој застанал на голот.

„Сакав да направам зафрканција, да приредам шуо. Тие веќе направија циркуз од ракометот, зошто и јас да не се приклучам. Го направија овој спорт смешен, бидејќи е воден од идиоти“.

Scroll to Top