Европската ракометна федерација (ЕХФ), парично ја казни македонската репрезентација, по првиот меч на Европското првенство. Македонската ракометна федерација, во касата на ЕХФ, ќе мора да уплати 2.000 евра.
Македонските репрезентативци, слично како и во минатото, се казнети поради чорапите. На дуелот со Словенија, репрезентативците не носеле исти чорапи.
Македонија, вечерва, ќе го одигра вториот меч на ЕП. Од 18 часот во Дебрецин, противник на Македонија ќе и биде Црна Гора.