ЕХФ во моментот кога на стариот континент нема да се игра клупски ракомет, објави анализа за петте кола што се одиграа во Лигата на шампионите. Европскиот првак Вардар е прв на таа листа, поради високите порази од Кил и Веспрем.
Вардар претрпе катастрофа во Скопје од Кил (20:31), а пота и од Веспрем (30:39), поради што клубот експресно реагираше Давид Писонеро беше деградиран во асистент, а во прв тренер промовиран спортскиот директор Едуард Кокшаров.
Според коментарот и анализата на ЕХФ не тренерот туку составот претставувал проблем за Вардар.
„Откако во првото полувреме со Кил постигнаа само четири гола, Вардар почувствуваа дека е време за промени, иако европскиот првак загуби само еден меч. Едуард Кокшаров го презеде тимот, Писонеро стана помошник, но Вардар има проблеми во составот не на клупата. Проблемите ги маскираа со три победи, но на македонскиот тим му се потребни подобри имиња на секоја позиција. Кил и Веспрем му дадоа 70 гола на Вардар, а во првите три натпревари прими 88 гола. Проблеми имаше и нападот многу шутеви промашија Криштопанс, Скубе и Дибиров. Борбата за пласман на Ф4 во Келн од коло во коло изгледа се потешка“.
Следниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар ќе го одиграат против Мешков Брест.