Вечерва во Келн ќе се одигра финалниот меч во Лигата на шампионите, за минатата сезона. За европската круна од 20.30 часот ќе се борат Барселона и Кил. Претходно од 18 часот за третото место ќе играат Веспрем и ПСЖ.
Во пресрет на завршните два натпревари, Европската ракометна федерација (ЕХФ), објави колку пари ќе добијат учесниците на Завршниот турнир.
Европскиот првак ќе заработи 500.000 евра, дупло повеќе од вице-шампионот, 150.000 евра ќе се слеат во касата на третопласираниот тим. Поразениот тим во „малото финале“, ќе заработи 100.000 евра.
За споредба, победникот во фудбалската Лига на шампиони од УЕФА добива 19 милиони евра, финалистот 15 милиони, а полу-финалистите по 12 милиони евра.