Top Sport

ЕП 2020: Словенците и Хрватите сигурни, Израел ги шокираше Полјаците

По второто коло од квалификациите за Европското првенство во ракомет во 2020 година, Словенија и Хрватска излегуваат како лидери на своите групи со максимален број на поени по убедливите победи во неделата.

Хрватска на Лино Червар немаше проблеми на гостувањето кај Белгија, откако конкурентни беа само првите десетина минути од мечот (2:2), по што „коцкестите“ ја преземаа контролата и на крајот победија со 25:24. Златко Хорват постигна дури осум гола за Хрватите, а Јаков Вранковиќ имаше четири. Следно за Хрватите е дербито со Србија во април, откако „орлите“ се посрамотија со пораз од Швајцарија по првичното реми со Белгија.

Словенците пак, убедливо со 31:20 ја совладаа Естонија на гости и заедно со изненадувачкиот пораз на Холанѓаните од Летонија (29:25), остануваат први во групата 4 со максимални четири поени.

Израелците успеаја да направат мала сензација, откако во групата 1 ја победија Полска со 25:24 со гол на две секунди пред крајот, за да се израмнат со нив зад доминантните Германци, кои немаа проблеми на гостувањето кај Косово за рутинска победа од 30:14.

Французите апсолутно доминираа на гостувањето кај Романија победувајќи со +10 (31:21), а во групата 6 со максимални четири поени останува и Португалија по тесната 23:24 победа на гостувањето кај Литванија.

На Црногорците дефинитивно не им оди, откако по првиот меч во кој ремизираа дома со Фарски Острови, загубија со 29:24 на гостувањето во Украина.

ГРУПА 1

Израел – Полска 25:24 (12:12)

Косово – Германија 14:30 (5:15)

Табела: 1.Германија 4, 2.Полска 2, 3.Израел 2, 4.Косово 0

ГРУПА 2

Швајцарија – Србија 29:24 (12:11)

Белгија – Хрватска 25:30 (12:18)

Табела: 1.Хрватска 4, 2.Швајцарија 2, 3.Белгија 1, 4.Србија 1

ГРУПА 3

Турција – Исланд 22:33 (13:16)

Грција – Македонија 28:26 (12:13)

Табела: 1.Исланд 4, 2.Македонија 2, 3.Грција 2, 4.Турција 0

ГРУПА 4

Летонија – Холандија 29:25 (17:11)

Естонија – Словенија 20:31 (11:16)

Табела:  1.Словенија 4, 2. Холандија 2, 3.Летонија 2, 4.Естонија 0

ГРУПА 6

Литванија – Португалија 23:24 (10:12)

Романија – Франција 21:31 (9:12)

Табела: 1.Франција 4, 2.Португалија 4, 3.Литванија 0, 4.Романија 0

ГРУПА 8

Украина – Црна Гора 29:24 (15:12)

Табела: 1.Данска 4, 2.Украина 2, 3.Црна Гора 1, 4.Фарски Острови 1

Scroll to Top