Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја пораз од три гола (23:20) воНашице од Нексе во првиот осмина-финален натпревар, во регионалната СЕХА-лига. На овој натпревар на клупата на Еурофарм Пелистер дебитираше новиот тренер Жељко Бабиќ. Победникот од овој дво-меч во четврт-финалето ќе игра против Вардар.
Израмнето првот полувреме одиграа Нексе и Еурофарм Пелистер, иако екипата од Нашице по 10 минути имаше предност 4:1.
И во вториот дел македонскиот тим беше тој што ја бркаше предноста на противникот. Нексе имаше 20:17 во 54 минута, играчите на Еурофарм Пелистер се добилижа во 58 минута на гол негатива 21:20, до крајот Баришиќ и Кевиќ погодија за Нексе и го поставија конечниот резултат.
Баришиќ и Кевиќ со по четири гола беа најефикасни кај Нексе, додека Еурофарм Пелистер го предводеа Остроушко со седум, Јотиќ со шест гола и Митревски со девет интервенции.
Реванш натпреварот во Битола на програмата е на 12 февруари.
фото/seha-liga.com/