Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва славеше со 24-22 во дербито од групната фаза против скопски Металург.
Битолската екипа беа подобар ривал во текот на целиот меч, иако ракометарите на Металург во финишот успеаја да се доблиат на -1 гол, 21-20.
Сепак Еурофарм Пелистер „додаде гас“ и бодовите отидоа на нивното конто.
Во победничката екипа најпрецизен беше Кушан со 5 гола, а 4 постигна Стјепановиќ.
Кај Металург по 4 гола постигнаа Канкараш и Потиќ, 3 даде Хорват.
Во преостанатите два денешни натпревари Охрид со 25-24 славеше против Бутел Скопје, а Прилеп го победи домаќинот Струга со 32-28.
Фото:ohridnews.com