Top Sport

Флензбург му нанесе нов пораз на Сегед, Мешков со драматична победа над Елверум

Флензбург со 26:24 (11:10) го совлада Пик Сегед во најинтересниот меч од ЕХФ Лигата на шампиони за да се одвои на второто место на табелата, додека Мешков Брест ја продолжи одличната серија со пресврт и 29:27 (15:17) победа над Елверум.

Вардар повторно беше приморан да паузира поради позитивните тестови на КОВИД-19 и има само пет одиграни меча по осум кола.

Бундеслигашот Флензбург, дури во второто полувреме го скрши отпорот на Сегед, правејќи четири гола разлика пред унгарскиот тим да се врати на -2. Горан Согард Јоханесен беше најефикасен со шест гола, додека Џим Готфридсон додаде шест, а за Сегед Рикард Бодо и Богдан Радивоевиќ имаа по шест гола.

Мешков пак, губеше во текот на 50 минути од Елверум, пред со одличен камбек да се врати за победа, која ги искачува на третото место на табелата. Микита Ваилупау и Вјачеслав Шумак беа најефикасни со по шест гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Флензбург – Пик Сегед 26:24 (11:10)

Мешков Брест – Елверум 29:27 (15:17)

Табела: 1.Кјелце 13, 2.Флензбург 11, 3.Мешков 9, 4.ПСЖ 6, 5.Порто 6, 6.Вардар 3, 7.Сегед 2, 8.Елверум 2

ГРУПА Б

Мотор Запорожје – Целје 31:29 (14:13)

Scroll to Top