Top Sport

Франција преку Црна Гора до полу-финалето на СП

Франција се пласира во полу-финалето на 23.Светско првенство во ракомет за жени, откако со сигурна игра ја совлада Црна Гора 25:22. Французинките за место во финалето ќе играат против Шведска која во скабдинсвското дерби ја победи Данска 26:23.

Французинките, иако резултатот тоа не го покажува, немаа проблеми против Црногорките. Од 16.минута па до крајот на мечот речиси рутински ја одржуваа разликата од три до пет гола.

Клучната серија Франција ја направи во средишницата на првиот дел кога негативата од 2:4, ја претвори во водство 7:4.

Два гола предност имаше Франција по првото полувреме, а во второто таа стигна и до пет гола. Црна Гора имаше приклучок и активен резултат, но во ниту еден момент сериозно на ја загрози предноста на противничките.

Црногорките тешко се справуваа со агресивната одбрана на Франција и Амамдин Лејно на голот. Голманката на Вардар на крајот заврши со 13 одбрани.

Стрелците кај Франција ги предводеа една актуелна и две поранешни ракометарки на Врадар: Александара Лакрабер, Алисон Пино и Сераба Дембеле. сите постигнаа по четири гола.

На спротивната страна најефикасна беше Катарина Булатовиќ со девет гола, додека Јованка Радичевиќ постигна четири.

Scroll to Top