Top Sport

Французите останаа „совршени“ во Хрватска (видео)

Франција стигна до петтата последователна победа на Европското првенство во Хрватска, откако со 39:30 ја победија Србија за да дојдат на чекор до полуфиналето.

Предводени од браќата Карабатиќ, Французите доминираа од почетокот до крајот на мечот, и имаа предност од седум гола на полувремето (19:12), пред да им го нанесат четвртиот пораз во петте меча за Србија.

Србите имаа солиден старт на мечот и водство од два гола, но потоа се покажа силата на првите фаворити за златото, оставајќи ги противниците без гол дури 10 минути. Во второто полувреме, разликата само растеше, и сите надежи на Хрватска дека ќе добијат помош од соседите беше уништена.

Лука Карабатиќ и Рафаел Кошето постигнаа по седум гола за „триколорите“, а Кентин Мае и Никола Карабатиќ додадоа по четири гола за импресивната победа. Кај Србите, Немања Зеленовиќ беше најефикасен со седум гола, додека Петар Ненадиќ имаше шест гола.

Во вечерниот термин играат Шведска и Белорусија, во кој Швеѓаните ќе се обидат уште повеќе да им ја „замрсат“ ситуацијата на Хрватите и покрај Французите да станат фаворити за полуфиналето.

Scroll to Top