Германија останува во игра за одбрана на титулата од Европското првенство во ракомет, откако со 22:19 ја совладаа Чешка во првото коло од втората рунда во нашата група, поминувајќи ја Македонија со 4 поени на првото место.
Чесите во поголемиот дел од натпреварот се покажаа како израмнет противник, и неколку пати имаа предност од два-три гола, меѓутоа во фуриозен финиш, помогнат со одличниот Андреас Волф на голот, германскиот тим дојде до клучна победа.
German Uwe Gensheimer, @psghand player, scores this spectacular spin shot against Czech Republic in the first game of the Main round, Group II. ?? vs ??@DHB_Teams #ehfeuro2018 #hypnoticgame pic.twitter.com/tqN6lXJF63
— EHF EURO (@EHFEURO) January 19, 2018
Штефен Фет беше најефикасен кај Германците со дури осум гола, додека Томаш Чип беше најдобар стрелец за Чесите со шест гола, додека Ондреј Здрахала и Станислав Кашпарек имаа по четири гола.
И покрај поразот, Македонија ќе мора да внимава на цврстиот тим на Чешка, кој уште еднаш покажа дека го заслужува местото во втората рунда.
Вечерва се игра и вториот меч во групата 2, дербито меѓу Словенија и Данска.
?? vs ??
Mrkva saves a goal against Germany scoring afterwards in the “Bad Boys” goal. Watch it again! Lucky Mrkva!@DHB_Teams #ehfeuro2018 #hypnoticgame pic.twitter.com/arsv4e2uOo— EHF EURO (@EHFEURO) January 19, 2018