Германскиот ол-стар ракометен спектакл вклучуваше и потсмевање со словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ, во режија на германскиот репрезентативен голман Силвио Хајнефетер.
Да потсетиме, мечот Словенија-Германија на Европското првенство во ракомет во Хрватска имаше скандалозен финиш, откако иако мечот заврши со 25:24 за Словенија по доцниот гол на Јанц, судиите по разгледувањето на видео-снимките доделија пенал за Германија. Ова не наиде на добра реакција на Вујовиќ, кој самиот застана на голот.
Хајневетер на ол-стар натпреварот ги повика маскотите да бранат пенал, а по голот, побара од судиите да проверат преку видео-технологијата дали е гол. Овојпат не беа потребни десетина минути за одредување на судиската одлука.