Top Sport

Германија со победа го отвори СП

Со натпреварот помеѓу домаќинот Германија и Камерун започна 23.Светско првенство во ракомет за жени.

Германија ја оправда фаворитската улога и забележа лесна и убедлива победа 28:15 (12:7).

Германките уште во раната фаза на натпреварот ја најавија победата кога создадоа предност од седум гола (9:2). До крајот на полувремето Камерунките намалија на пет гола, а нивните надежи дека можат да приредат некаква сензација ги урнаа Германките во 38.минута кога на семафорот резултатот беше 18:8.

Лобер со пет и Фишер со четири гола ја предводеа Германија до победата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');