Top Sport

Германија стои на патот кон првото место во групата

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра последниот меч во Ц-групата на Европското првенство во Хрватска. Актуелниот првак Германија е последниот противник во оваа фаза на натпреварите на избраниците на Раул Гонзалес.

Македонија во дуелот со Германија влегува од првата позиција во групата, по двете победи над Словенија и Црна Гора, додека Германците имаат триумф над Црна Гора и реми, кое предизвика бројни реакции, против Словенија.

Во ситуација кога е остварена првата цел, пласман во втората рунда, од нашиот табор велат дека ќе играат за „душа“ со најава дека притисокот е врз Германија.

Ц-групата, во втората фаза од шампионатот, вкрстува со Д-групата во која се Данска, Шпанија, Чешка и Унгарија. Натпреварите во новоформираната група ќе се играат во Вараждин.

Натпреварот Македонија-Германија ќе започне во 18:15 часот.

Scroll to Top