Top Sport

Гигу спречи норвешка сензација во Пореч

Франција со победа стартуваше на Европското првенство, откако во драматичен меч, со голот на Гигу во последната минута ја победи Норвешка 32:21 (15:17).

Актуелните светски шампиони заостануваа зад Норвешка во текот на целиот меч, имаа два гола негатива на полувреме, во неколку наврати во вториот дел и три гола негатива, упорноста во одбраната им го донесе првото водство во претпоследната минута кога Абало погоди за 31:30.

Во последната минута Бјорнсен израмни на 31:31, а Гигу со голот на 15 секунди до крајот го постави конечниот резултат.

Мае со осум и Гигу со пет гола беа најефикасни кај Франција, а Норвешка ја предводеше Тонесен со седум гола.

Претходно во оваа група Белорусија ја победи Австрија 27:26.

Во второто коло, на 14 јануари, ќе играат Франција-Австрија и Белорусија-Норвешка.

Scroll to Top